Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 2,93 % во однос на одлуката од 7.9.2020 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 1,00 денар/литар и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 58,50 денари/литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 60,50 денари/литар.
Малопродажните цени на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/литар и „евродизел“ (Д-Е V) и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесуваат 49,00 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,407 денар/килограм и ќе изнесува 24,549 денари/килограм.
Од 15.9.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин „евросупер БС“ – 95 58,50 (денари/литар)
- Моторен бензин „евросупер БС“ – 98 60,50 (денари/литар)
- Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) 49,00 (денари/литар)
- Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 24,549 (денари/килограм)